Дваесет и шесте мерки и препораки се поделени во две групи: првата се однесува на заштита на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите, а втората група е за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка Нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи како што се лебот, шеќерот, брашното оризот и јајцата, ваучери од по 1 000 денари во период од три месеци за најранливите категории да си купуваат храна, но и намалени акцизи за дел од горивата, како и помало ДДВ од 18 отсто на 10 проценти при промет на енергенти…

Ова се дел од пакетот мерки што Владата ги донесе на денешната седница.

Пакетот се состои од вкупно 26 мерки и препораки, со кои власта сака да ја ублажи кризата која е резултат на пандемијата, но и на воената агресија на Русија врз Украина.

Меѓу препораките се и рационално да се трошат енергентите, а Регулаторната комисија на дневно ниво да ги усогласува цените за горивата.

Усвоивме пакет мерки за ублажување на последиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.

Во услови на пост пандемија, се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време.

На глобално ниво растот на трошоците на храната и енергентите како резултат на воената агресија на Русија врз Украина го чувствуваме и ние денес и сега“, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција попладнево во Владата.

Овој пакет, според премиерот, тежи 400 милиони евра, а за дел од мерките, како тие за акцизите и ДДВ, ќе бидат потребни и законски измени.

Тие, според него, веднаш ќе бидат пратени во Собранието и тој очекува поддршка од пратениците.

Сите пратеници, без исклучок од која политичка партија доаѓаат, имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале и пред сите граѓаните во државата“, рече Ковачевски.

Дваесет и шесте мерки и препораки се поделени во две групи: првата се однесува на заштита на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите, а втората група е за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.