НЛБ Банка и оваа година ја потврди својата поддршка за спортот, здравиот начин на живот и тимскиот дух со масовно учество на Виз Ер Скопскиот маратон 2025, еден од најголемите спортски настани во земјата.
Вкупно 170 вработени од НЛБ Банка ја понесоа енергијата на компанијата и со гордост настапија во различните трки на маратонот, докажувајќи дека истрајноста, посветеноста и солидарноста што ги негуваат на работните места успешно ги пренесуваат и на спортските патеки.
Собирот започна пред експозитурата на НЛБ на Кејот во Скопје, каде што вработените во НЛБ Банка кои настапија на маратонот ја споделија заедничката возбуда и поддршка пред стартот, покажувајќи дека спортот претставува мост за поголема кохезија и вмрежување на тимот.
Учеството на НЛБ Банка на Виз Ер Скопскиот маратон 2025 не е само спортски подвиг, тоа претставува дел од пошироката стратегија на институцијата за унапредување на корпоративната култура, поддршка на здрави животни навики, како и општествената одговорност на компанијата преку активно вклучување во настани што ја збогатуваат локалната заедница.
НЛБ Банка им честита на сите свои вработени за успешно завршената трка и останува посветена на поттикнување активности кои го унапредуваат тимскиот дух, вработените и заедницата во целина.












