 
Минималната плата од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 620 евра, односно 1.213 лева. Ова го објави пратеничката на ГЕРБ-СДС, Деница Сачева, по вонредниот состанок на Заедничкиот управувачки совет (ЗУС), на кој беа разгледани параметрите на трите буџети за 2026 година – државниот, НЗО и ДОО, објави БГНЕС.
Вчера бугарските медиуми објавија зголемување на платите во здравството. Од први јануари лекар специјализант ќе зема 1860 евра плата, додека медицинска сестра 1550 евра.