Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека во Македонија во последниот квартал од 2025 имало 10.615 слободни работни места, додека пополнети биле 484.385.
„Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 изнесува 2,14 отсто, а најголем број слободни работни места, 2.387, има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба“, соопштува ДЗС.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 отсто.
Гледајќи по сектори, највисока е стапката во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 4.39 проценти, додека најмала е регистриана во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 отсто.
„Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 отсто“, соопштува ДЗС.