Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека ќе се направи сè што е потребно за да се стави инфлацијата под контрола.
„Ќе направиме сè што е потребно за да се осигураме дека инфлацијата е под контрола и дека Французите и Европејците нема да го доживеат зголемувањето на инфлацијата што го видовме во 2022 и 2023 година“ предизвикано од војната во Украина, изјави Кристин Лагард во интервју за телевизијата Франс 2 и радиото Франс Интер.
На прашањето за можно зголемување на каматните стапки, претседателката на ЕЦБ не одговори директно, наведувајќи ја големата неизвесност што сè уште ја опкружува ситуацијата на Блискиот Исток.
Следната одлука на ЕЦБ за монетарната политика се очекува на 19 март.
Кристин Лагард нагласи дека ситуацијата е многу различна од 2022 година, кога започна војната во Украина, тврдејќи дека инфлацијата е под контрола и дека економскиот раст е доста отпорен во еврозоната, пренесува Данас.