Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија дознала за одлуката на САД да ги укине нафтените санкции против Русија дури утрово, откако Вашингтон издаде исклучок за купување на санкционирана руска нафта и нафтени деривати заглавени на море.

Како што рече Мерц за време на посетата на Норвешка, тој би сакал да дознае повеќе за мотивите за одлуката на Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Германскиот канцелар додаде дека верува оти е погрешно да се ублажат санкциите против Русија од која било причина. Тој рече дека користењето на нафтените резерви ќе помогне во контролата на цените „до одреден степен“.

Запрашан за стратешки важниот Ормутски Теснец, Мерц им рече на новинарите дека нема причина да се разгледува обезбедувањето воена заштита на морските патишта.

„Германија не е дел од оваа војна и ние не сакаме да станеме дел од неа“, рече Мерц.

Соединетите Американски Држави претходно издадоа нова општа лиценца со која привремено се дозволува продажба на руска сурова нафта и деривати натоварени на бродови до 12 март, што опфаќа околу 100 милиони барели, а мерката важи до 11 април.