Оризопроизводителите се уште не ги добиле субвенциите за 2025 година. Поради доцнењето на исплатата велат дека не може да се подготваат за новата реколта бидејќи препаратите за производство се поскапени и тоа им е дополнителен трошок.
Па затоа, бараат итна исплата.
Тони Максимов, оризопроизводител
– За 2025 се уште не се исплатени субвенциите очекуваме оваа недела да ги исплатат бидејќи се неопходни и треба час поскоро да ги исплатат. Со покачување на нафтените деривати ние земјоделците сме најмногу оштетени бидејќи покачени се и вештачките ѓубрива и препаратите за производство на ориз. Доколку ги каснат субвенциите секој ден ние не можеме да ги набавиме препаратите за производство и не ќе можеме да произведуваме за наредната реколта.
Во меѓувреме, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска ја промовираше кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ преку која како што рече ќе се посетат над 30 општини и 120 населени места. Преку капмањата, спроед Трипуновски ќе се слушнат предизвиците со кои се соочуваат земјоделците но и ќе се презентираат и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство.
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
– На овие средби ќе се разговара за реалните предизвици со кои што се соочуваат македонските земјоделци, ќе се слушнат нивните предлози и идеи, но ќе се презентираат и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство, производството и сето она што е сработено измнативе речиси две години мандат на Владата. Преку ова покажуваме и докажуваме дека земјоделците не се само производители, туки тие се двигатели на руралниот развој.
Според Максимов, освен владините кампањи потребно е државата да се погрижи за земјодлеците да имаат поголема продажба на своите производи во Македонија но и да се овозможи граѓаните да имаат увид дека купуваат од домашните реколти
Тони Максимов, оризопроизводител .
– Државата мора подобро да се залага и кога ќе дојдат на терен кај земојделците ние ќе кажеме дека секој македонски произво треба да е брендиран и да има баркод дека сум го произведил тој ориз или дека сум го дал на откуп и на таков начин ќе има гаранција за граѓаните дека производот е македонски и е здрав за храна.
Освен оризопроизводителите, не им се исплатени субвенциите за 2025 година и на сточарите. Тие им дадоа рок на институциите до 20 март за исплата. Во спротивно најавуваат и протести.