Дневниот извоз на нафта од Персискиот Залив се намали за повеќе од 60 проценти минатата недела во споредба со истиот период во февруари.
Извозот на сурова нафта, кондензат и рафинирано гориво од осум земји од Блискиот Исток – Саудиска Арабија, Кувајт, Иран, Ирак, Оман, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати – во просек изнесуваше 9,71 милиони барели дневно во неделата што заврши на 15 март, според податоците од компанијата Kpler.
Тоа е намалување од 61 процент во однос на 25,13 милиони барели дневно во февруари. Агенцијата за анализа на енергетскиот пазар Vortex, објави пад од 71 процент.
Пред војната, овие осум земји учествуваа со 36 проценти од глобалниот извоз на нафта по море, или 70,43 милиони барели дневно, според податоците на Kpler.
Вистинскиот извоз може да биде уште помал, бидејќи некои се складираат на танкери без да го напуштат Заливот.
„Пловечките складишта на сурова нафта на Блискиот Исток надмина 50 милиони барели оваа недела, во споредба со околу 10 милиони барели пред војната“, велат аналитичарите во Kpler.