Се повеќе грчки државјани доаѓаат во Битола со цел да наточат гориво по пониски цени од оние по кои горивата се продаваат во Грција. Всушност разликата во цените беше присутна и пред двете поголеми поскапувања на горивата, тренд присутен во целиот свет по кулминацијата на кризата на Блискиот исток.
И по растот на цените на горивата и во Македонија и во Грција, да се наполни еден автомобилски резервоар со бензин или дизел се уште е поскапо во Грција одошто кај нас.
Оттука Грците остануваат редовни муштерии на битолските бензински пумпи, но и во битолските маркети и продавници. Заради близината на грчката граница тие доајѓаат речиси секојдневно, а голем дел од набавките на различни производи вклучително и бензини и цигари ги прават токму во Битола, затоа што ги набавуваат по пониски цени.