Животот во Македонија за три месеци поскапел за околу 2.500 денари, додека минималната плата би се усогласувала за 1.667 денари, се огласија денеска од ССМ. Според синдикатот, вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари–март годинава изнесува 2.326 денари повеќе. За март 2026, кошницата е 67.818 денари, што е зголемување од 436 денари споредено со февруари.
Од ССМ прашуваат дали животот на работниците ќе се подобри ако престане да се пресметува синдикалната минимална кошница. Според нив ваквиот пристап би може да крие дека платите не ги следат реалните потреби на работниците. Владините претставници често ја прикажуваат состојбата како задоволителна, но синдикатот предупредува дека тоа не е случај. Синдикатот истакнува дека зголемувањето на минималната плата не ја покрива реалната инфлација.