Европската централна банка (ЕЦБ) би можела да ги зголеми каматните стапки уште на крајот на април доколку последиците од војната на Блискиот Исток дополнително ја поттикнат инфлацијата.
Конечната одлука сè уште не е донесена, но зголемувањето на цените на енергијата, прекините во снабдувањето и можните секундарни инфлаторни ефекти би можеле да ја принудат ЕЦБ да ги зголеми каматните стапки уште на состанокот на 29 и 30 април, изјавија неименувани инсајдерски извори за Блумберг.
Некои претставници на ЕЦБ сметаат дека јуни е пореален датум за евентуално зголемување на каматните стапки, бидејќи на состанокот во април нема да бидат објавени нови макроекономски проекции.