Најголемиот руски производител на течен природен гас, Новатек, потпиша прелиминарен договор со купувач во Виетнам и е подготвен да започне со испораки во блиска иднина.

Ова го изјави извршниот директор на компанијата Леонид Михелсон на руската државна телевизија.

Новатек преговара со купувачи повеќе од пет години, а прелиминарен договор за снабдување со еден од нив беше потпишан неодамна, потсетува Ројтерс. ПетроВиетнам Гас е во преговори со Новатек.

Рускиот претседател Владимир Путин овој месец предупреди дека Русија може веднаш да ги прекине испораките на гас за Европа и да бара долгорочни договори на други пазари.

Меѓувладин договор за изградба на првата нуклеарна централа во Виетнам ќе биде потпишан по денешните разговори, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин за време на средбата со виетнамскиот премиер Фам Мин Чин, пренесува ТАСС. Изградбата на нуклеарната централа ќе даде моќен импулс за развој на соработката во сродни области – високи технологии, фундаментално и применето истражување“, додаде тој.