Во Парагвај, се планира изградба на постројка за производство на ѓубриво Villeta Green H2, на база на зелен водород, која ќе има капацитет за годишно производство од околу 260.000 тони нискојаглероден калциум-амониум нитрат годишно. Зелениот водород кој ќе се користи ќе биде произведен целосно од обновливи извори на енергија. Во текот на фазата на изградба проектот ќе обезбеди 5.000 нови работни места.

Европската Инвестициска банка (EIB), преку својата развојна гранка EIB Global, го финансира развојот на проектот со износ до 95 милиони долари. Проектот го развива британската компанија ATOME PLC, која од самиот почеток ги водела сите фази на планирање и развој на постројката. По завршувањето, проектот би требало да стане еден од првите индустриски капацитети за производство на ѓубриво на база на зелен водород надвор од ЕУ, а по почетокот на производството и најголем таков капацитет на светот. Проектот е дел од иницијативата Global Gateway, со која Европската унија го зајакнува стратешкото партнерство со Латинска Америка и го поддржува одржливиот развој и иновациите во регионот. Покрај еколошките бенефити, проектот ќе придонесе и за регионалната конкурентност и диверзификација на пазарот на ѓубрива, посебно за големите зeмјоделски центри во Бразил и Аргентина.