Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредните денови може да следи дополнително поевтинување на горивата.Најавите за ново намалување би можеле да се реализираат веќе од почетокот на следната недела…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредните денови може да следи дополнително поевтинување на горивата.

Тој посочи дека според анализите на Меѓународен монетарен фонд, земјата се позиционира високо меѓу европските држави кога станува збор за мерки за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните. Според него, токму тие политики придонеле горивата да бидат значително поевтини во споредба со регионот.

Владата ќе продолжи со постојните механизми – намалено ДДВ за бензините и пониски акцизи, кои директно влијаат врз крајната цена. Според актуелните пресметки, намалувањето на акцизите ќе остане во сила и во следниот период, што дополнително ќе ги амортизира ценовните шокови на пазарот.

Најавите за ново намалување би можеле да се реализираат веќе од почетокот на следната недела, кога ќе се усогласат цените со движењата на меѓународните берзи и регионалните одлуки.