Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт, вели министерот

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

„Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт – рече Николоски во гостување во поткастот „Ноќно студио“.

Активната работа на терен, додаде тој, почнала дури од октомври 2024 година“.

Тој потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на „Екисм Банка.