Само неколку дена откако САД упатија понуда со надеж за рестартирање на преговорите, Иран вчера објави одговор фокусиран на прекин на војната на сите фронтови, особено во Либан, каде што американскиот сојузник Израел се бори против милитантите на Хезболах поддржани од Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп експресно го отфрли иранскиот одговор на американскиот мировен предлог, што денеска предизвика скок на цените на нафтата, поради стравувањата дека десетнеделниот конфликт ќе се одолговлекува, одржувајќи го парализиран бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, објави „Ројтерс“.
Само неколку дена откако САД упатија понуда со надеж за рестартирање на преговорите, Иран вчера објави одговор фокусиран на прекин на војната на сите фронтови, особено во Либан, каде што американскиот сојузник Израел се бори против милитантите на Хезболах поддржани од Иран.
Техеран, исто така, вклучи барање за отштета за воените штети и го нагласи иранскиот суверенитет над Ормускиот Теснец, објави иранската државна телевизија. Дополнително, беше упатен повик до САД да ја прекинат поморската блокада, да дадат гаранција дека нема да има понатамошни напади, да ги укинат санкциите и да ја прекинат забраната за продажба на иранска нафта, соопшти иранската новинска агенција „Тасним“.
Во рок од неколку часа, Трамп го отфрли иранскиот предлог со објава на социјалните мрежи.
„Не ми се допаѓа – тотално неприфатливо“, напиша Трамп на „Трут сошал“, без да наведе дополнителни детали.