Бенковачкиот саем во Хрватска се одржува секој 10-ти во месецот, а главната „ѕвезда“ на овој е црешата. Тие пристигнаа, црвени, слатки и неодоливи, и ги исполнија штандовите. Досега се претежно увезени. Но, тука се и првите рани, домашни од Равне котари, објавува ХРТ.

На градските пазари чинат 20 евра за килограм, на на саемот се поевтини.

– Тука на пазарот во Бенковац платив 8 евра, вели посетител на саемот. Ќе го искористат ли тоа прекупците, тешко е да се каже. Дојдоа луди времиња. Јагнешкото месо речиси има иста цена како и црешите. Смешно е, вели посетител на саемот.

Жителите на Равне котари дури и не треба да се прашуваат што би избрале прво.

– Црешите се за деца, јагнешкото е за возрасни, што не значи дека децата не можат да јадат половина килограм јагнешко ако јас им помогнам, вели посетителот на шега.

Во Равни Котари има десетици илјади црешови дрвја. Еден од излагачите на заемот вели дека има 200 дрвја и планира наскоро да почне да ги бере.

– Очекувам некаде помеѓу четири и пет тони, бидејќи годинава даде добар плод, вели тој за ХРТ.

Црешите се вистинско овошје за сериозна заработка.