Започна исплатата на средствата од програмата МојДДВ за скенираните фискални сметки за првото тримесечје од 2026 година, информираа од УЈП.

Исплатата, како што наведуваат, се реализира етапно, согласно обработката на налозите.

Според објавените податоци, кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени близу 836 милиони денари.

Кај 4.968 корисници, пак, бил утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата засега не може да се реализира додека не се коригираат податоците.

Дополнително, кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па средствата ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.