Меѓународниот монетарен фонд ММФ го поздрави денеска почетокот на конструктивен дијалог меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и претседателот на Народна Република Кина Шји Џинпинг, оценувајќи дека ублажувањето на трговските тензии и неизвесноста меѓу двете најголеми светски економии е важно за глобалниот економски раст.
Портпаролката на ММФ Џули Козак изјави на прес-конференција дека „е многу важно“ што „двете најголеми светски економии разговараа на највисоко ниво, коментирајќи ги првите резултати од самитот на Трамп и Шји во Пекинг.
„Го поздравуваме фактот дека постои конструктивен дијалог меѓу двете земји. Се што придонесува за ублажувањето на трговските тензии и за неизвесноста е добро за двете големи економии, но и за глобалната економија“, изјави Козак, пренесе „Ројтерс“.
Зборувајќи за пошироките економски движења, таа предупреди дека светската економија, во екот на војната на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот теснец, се движи кон средно, неповолно сценарио на економските проекции кои ММФ ги изнесе во априлскиот извештај за глобалните економски перспективи.
Според тоа сценарио, глобалниот раст на реалниот бруто домашен производ оваа година би забавил на 2,5 отѕсто, во однос на референтната прогоноза од 3,1 отсто, која подразбира брз прекин на судирот, по минатогодишниот раст од 3,4 отсто.
Неполовното сценарио на ММФ се базира на претпоставниката дека цената на сировата нафта во текот на целата година ќе остане над 100 долари по барел, со дополнително засилување на финанските услови и раст на очеувањата за инфлација.
Козак рече дека повисоките трошоци за енергија ги зголемиле очекувањата за краткорочно зголемување на цените, но дека ММФ сè уште верува дека среднорочните очекувања за инфлација се стабилни, додека финансиските услови во глобалната економија остануваат „поддржувачки“.
Според неа, ММФ ги продолжува дискусиите за можна финансиска помош на земјите-членки кои се соочуваат со зголемување на трошоците за енергија и суровини поради конфликтот на Блискиот Исток, но таа не даде детали за конкретни земји.
Порано денес, Трамп и Си се сретнаа во Пекинг, каде што оценија дека односите меѓу САД и Кина се меѓу најважните во светот и рекоа дека двете земји треба да соработуваат, а не да влегуваат во конфликти, нагласувајќи ја важноста на стабилните билатерални односи за глобалната економија, мирот и меѓународната безбедност.
Трамп ги оцени разговорите со Си како „многу позитивни и продуктивни“, нагласувајќи ги врските меѓу двете земји, додека Си рече дека Кина и САД „победуваат преку соработка и губат преку конфронтација“.
Американскиот претседател го покани кинескиот лидер да ги посети САД во септември.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека Вашингтон очекува зголемување на кинеските купувања на американски производи, вклучувајќи авиони „Боинг“, енергетски и земјоделски производи, како и формирање на посебни трговски и инвестициски механизми за балансирање на економските односи меѓу двете земји, објави „Танјуг“.