Новото задолжување на државата наиде на жестоки критики од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, која не го поддржа Законот со образложение дека заемот е доказ за фискалната исцрпеност на државата и буџет што сè потешко ја одржува сопствената ликвидност, а сето тоа поради лошите економски политики на Владата.

Од владејчката ВМРО-ДПМНЕ, пак, на колегите од опозицијата им порачаа дека немаат кредибилитет да зборуваат за задолжувањето зашто додека биле на власт, ја задолжиле Македонија колку сите влади претходно.

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, реагираше на отсуството на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието, наведувајќи дека таа е најодговорниот човек во државата, која требало да биде во законодавниот дом и да го објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани новото задолжување на државата.

Со 65 гласа „за“, 14 „против“ и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе Законот за задолжување за општи буџетски потреби, според кој земјава ќе позајми 260 милиони евра од пет странски банки. Новото задолжување пред пратениците во законодавниот дом го образложи заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, наведувајќи дека заемот ќе се користи за финансирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година.

Од денешното гласање за Законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра / Фото: Принтскрин.

Каматата, како што е наведено во Законот, ќе биде варијабилна, а пресметана врз основа на шестмесечниот ЕУРИБОР зголемен за 2,1 отсто. Заемот ќе се повлече во една транша согласно роковите и условите утврдени во Договорот, а рокот за отплата е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од три години. Македонија, според Финансии, ќе им плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 процент од износот на заемот, а на агентот на заемодавачите ќе му плаќа 12 500 евра година провизија.

Новото задолжување на државата наиде на жестоки критики од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, кои не го поддржаа Законот со образложение дека заемот е доказ за фискалната исрцпеност на државата и буџет што сè потешко ја одржува сопствената ликвидност, а сето тоа поради лошите економски политики на Владата.

Од друга страна, заменикот-министерот за финансии, бранејќи ја потребата од задолжувањето и одговарајќи на критиките од опозицијата рече дека не станува збор за ништо случајно, ново и инцидентно за да се прават циркузи или да се манипулира со јавноста.Во тој контекст, тој се осврна на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, наведувајќи оти граѓаните се доволно свесни и сериозни за да потклекнат на, како што ги нарече, триковите на лидерот на опозицијата дека македонската економија финансиски тоне и се наоѓа пред колапс.

„Станува збор за финансирање на општи буџетски потреби, на капиталните инфраструктурни проекти што ги реализира оваа влада и на сервисирање на старите долгови, меѓу кои и таа еврообврзница од 700 милиони евра, земена во 2020 година. Половината предвреме ја вративме, бидејќи толку ни беше дозволено од имателите на обврзницата, а остатокот ќе биде во јуни 2026 година, без нови дополнителни задолжувања. Овие средства имаат за цел да обезбедат континуирана ликвидност на буџетот, поддршка на планираните јавни инфраструктурни проекти и уредно сервисирање на постојниот долг на државата“, рече заменик-министерот.

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи жестоко го критикуваше задолжувањето и на прес-конференција пред почетокот на седницата, како и од собраниската говорница, велејќи дека зад трумфалната реторика на владата за економијата, стои исрпена фискална позиција. Битиќи, исто така, обвини дека оваа точка на дневниот ред на денешната седница не дошла до пратениците по редовен, парламентарен пат, туку со демонстрирање политичка сила и заобиколување на деловникот и собраниските процедури.

„Од Владата слушаме големи зборови за економски подеми, но овој закон е економската реалност – Владата се задолжува со 260 милиони евра за буџетска ликвидност, рефинансирање и општи буџетски потреби. Ако економијата е толку силна, зошто на Буџетот му е потребна парична инфузија за ликвидност? Одговорот е дека зад триумфалната реторика стои исцрпена фискална позиција. Владата бараше 300 милиони евра, а договорила само 260. Оваа разлика е директна економска порака која треба да се прочита – финансиските пазари не се водат од прес-конференции, банките ја мерат спосбноста за отплата на долгот, а референтни точки им се дефицитот, јавниот долг, ликвидноста, каматниот товар, динамиката на приходите и кредибилитетот на фискалната политика. Кога Владата бара одреден износ, а добива помал од очекуваниот, значи дека довербата има цена, а во овој случај и граници. Меѓународните финансиски пазари ја коригираат розовата проекција од ‘Илинденска’ бб“, рече Битиќи.

Претходно, тој на прес-конференцијата упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да одговорат дали подготвуваат ново задолжуавње од околу 350 милиони евра, што, додаде, ќе значи нова должничка епизода.

„Сакам да поставам и дополнително прашање до Владата и министерката Кочоска: дали со објавата на Фејсбук веќе ја најави и следната должничка епизода од околу 350 милиони евра за остатокот од еврообврзницата што треба да се сервисира во јуни? Тоа се нови 350 милиони евра на грбот на народот“, рече пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања.

Неговиот партиски колега Митко Трајчулески оцени дека ова задолжување е продолжување на финансиската агонија во која се наоѓа државата, бидејќи додека буџетот се распаѓа, Владата, како што кажа, трупа нови долгови.

Тој реагираше на отсуството на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Собранието, наведувајќи дека таа е најодговорниот човек во државата која требало да биде во законодавниот дом и да објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани зошто државата се задолжува за 260 милиони евра. Во тој контекст, Трајчулески ја спомена поканата на министерката што таа викендот ја упати до економскиот тим на социјалдемократите за заедничка средба во Министерството за финансии за да разговараат за, како што напиша, економските состојби со реални бројки.

Министерката за финансии денеска не беше во Собранието, бидејќи, како што кажа нејзиниот сопартиец и координатор на пратеничката група на на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, таа е на службено патување во Словенија, кое било планирано пред еден месец.

„Најодговорниот човек во државата, кој треба денеска да биде тука во Собранието и да објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани по однос на овој заем – денеска го нема тука во Собранието. Тоа е министерката за финансии, која држеше беседи и делеше покани преку Фејсбук по однос на разрешување на одредени прашања и објаснувања. Меѓутоа денеска гледаме како таа гордо, комитски избега од оваа седница, каде што треба да се дадат клучните одговори на прашањата кои ги загрижуваат граѓаните, затоа што денес зборуваме за народни пари, односно за пари на граѓаните. Втора работа која ја одбележува оваа седница и овој закон е бруталното кршење на процедурите во Собранието. И на овој начин уште еднаш се докажува дека кога се пари во прашање, кога буџетот е во ваква кризна ситуација каква што е, власта е спремна на сè и на целосно прекршување на Деловникот, правилата и процедурите во Собранието“, рече пратеникот на СДСМ.

Од владејчката ВМРО-ДПМНЕ, пак, на колегите од опозицијата им порачаа дека немаат кредибилитет да зборуваат за задолжувањето зашто додека биле на власт, ја задолжиле Македонија колку сите влади претходно.

„СДСМ ја закопа Македонија во долгови, а сега се обидувате да се прикажете како спасители на јавните финансии. Во ваше време јавниот долг експлодираше, излезе од контрола. Милијарди плаќаме за вашите долгови, не отплаќаме само главниците што ги создадовте, туку и огромни камати што значат помалку за болници, училишта, општини. Притоа, продолжувате со лаги, клевети и политичка паника наместо да покажете минимум скромност. Немавте никаков капитален проект и инвестиција, а глумите загриженост за задолжување. Не направивте ништо, барем оставете ги да работат тие што знаат. Овој кредит е земен по најповолните услови на пазарот. Немојте да правите и натаму штета на државата, за што сте махери“,