Во Владата денеска ќе биде презентиран Оперативниот план за вработување за 2026 година, кој ги опфаќа мерките и активностите насочени кон зголемување на вработеноста и поддршка на пазарот на трудот.

Планот ќе го претстават министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Аднан Ејуп.

На презентацијата се очекува да бидат презентирани предвидените програми, мерки и можности за поддршка на невработените лица и работодавачите во текот на наредната година.