Растот на БДП повторно е помеѓу првите пет во Европа, како процент, истакна денеска на прес-конференција премиерот Мицкоски заедно со министерката за финансии Кочоска.
– Нашата цел е да одиме чекор напред и да се бориме за подобар живот. Секој ден, секој час работиме Македонија да забрзува напред, рече Мицкоски и сподели податоци од Државниот завод за статистика и Евростат.
Веднаш позари Малта, Полска и Србија е Македонија, рече прмеиерот.

Македонија е во првите пет во Европа според Евростат.
Индустриското производство во април 2026 година е зголемено за 7,6% споредено со април месец минатата година, во првите четири месеци од 2026 година како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство кое е во позитива, мала, 0,2%, но е позитива, вели Мицкоски.
Ова е лоша вест за оние кои се молат Македонија да не успее, но добра вест за огромен број на граѓани, рече премиерот.
Целата прес-конференција во продолжение: