Роамингот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ би можел да биде укинат уште следната година, но сè зависи од подготвеноста на земјите во регионот да продолжат со овие преговори.

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија го одобрија почетокот на преговорите за укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан, што се однесува на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, неофицијално потврди Советот на ЕУ.

Советот на ЕУ, според најавите, формално ќе ја усвои одлуката на 4 јуни, по што ќе започнат преговори со секоја земја од регионот поединечно, објавува Радио Слободна Европа.

Официјални лица од Кипар, земјата што моментално претседава со ЕУ, изјавија дека силно го поддржуваат европскиот пат на Западен Балкан.

„Проширувањето на зоната без роаминг е јасен знак за нашата посветеност кон регионот. Со нетрпение го очекуваме формалното усвојување на одлуката со која се овластува отворањето на преговорите за договори“, изјави портпаролот на кипарското претседателство.

Во февруари, Европската комисија предложи укинување на роамингот за Западен Балкан.

„Роаминг како дома“ важи за земјите-членки на ЕУ и земјите од Европската економска заедница. Во ЕЕС се Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, кои не се во ЕУ.

Во јануари годинава регулативата беше проширена на Украина и Молдавија, иако овие земји не се членки на ЕУ.

Европските претставници очекуваат преговорите да завршат до крајот на годината.

Како што објавува Радио Слободна Европа, идеално е роамингот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ да се укине уште следната година, но сè зависи од подготвеноста на земјите во регионот да продолжат со овие преговори.

Роаминг како дома

„Роаминг како дома“ (Roam like at home) е една од најуспешните политики на ЕУ за нејзините граѓани и е во сила од 2017 година. Тоа е регулатива 531/2012 на Европската комисија што овозможува користење на мобилни телефони во други земји-членки по исти цени како и во вашата матична земја.

Ова значи дека нема дополнителни трошоци за повици, СМС-пораки и користење на интернет додека сте во ЕУ, но важат домашни тарифи. Истото правило важи и за повиците и пораките што корисниците ги добиваат додека се во странство.

Исклучоци

Малите држави како Андора, Монако и Сан Марино се број еден роаминг стапиоци за туристите. Иако кај нив генерално важат ЕУ правилата од соседните земји, тие не се членки на „Роаминг како дома“ и операторите наплаќаат солени цели за повици, пораки и интернет од овие микро држави.

Ватикан исто така не е во „Роаминг како дома“, но оваа држава е покриена од италиајнските мобилни оператори кои се под „Роаминг како дома“. Сепак, многу странски оператори го исклучуваат Ватикан од „нормалната“ зона и наплаќата екстра за повици, пораки и интернет од Светата столица.

По Брегзит, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска излезе од ЕУ и не е опфатено со „Роаминг како дома“ зоната. Сепак, некои британски оператори продолжија да нудат услуги по „Роаминг како дома“ цени, но не сите. „Роаминг како дома“ не ги опфаќа ниту британските територии Гибралтар, Ман, Џерси и Гернзи.

Иако Гренланд и Фарските Острови се територии на Кралството Данска, тие не се дел од „Роаминг како дома“ зоната и роамингот во овие земји е скап.

Во „Роаминг како дома“ не се членки ниту Швајцарија, Белорусија, Русија, Турција, Грузија, Ерменија и Азербејџан.