Дел од поранешните текстилни работници во штипската телстилна компанија Европа фешн” денеска излегоа на протест за да алармираат за безизлезната ситуација во која се наоѓаат. Имено и после една година откако прекинал нивнот работен стаж, тие се уште не можат да си ги добијат заработените плати и придонеси. Бараат од институциите под итно да излезат на терен и да ја потврдат фактичката состојба.

Управителите на фирмата се бугарски државјани, а истите на своите работници им дале откази од деловни причини.

Од здружението за заштита на работничките права “Гласен текстилец” бараат под итно институциите да започнат да си ја вршат својата работа.

Со овој случај, Штип повторно станува симбол на неправдите во текстилната индустрија, каде што работниците кои со години работат за минимална плата, на крај остануваат и без таа.