Комерцијална банка и оваа година со задоволство ги награди најуспешните млади читатели – учениците победници на натпреварот во раскажување книги, организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.
Шест ученици кои се издвоија со својата љубов кон книгата, посветеност и исклучителна вештина да го пренесат прочитаното, добија вредни награди што ги поттикнуваат да продолжат по истиот пат.
Првонаградените ученици добија штедни книшки „Верверичка“ со подарок депозит од по 10.000 денари, второ наградените по 6.000 денари, а третонаградените по 4.000 денари. Наградата штедна книшка „Верверичка“ има посебна симболика бидејќи е прв чекор и кон развивање здрави финансиски навики.
Со оваа поддршка, Комерцијална банка го наградува нивниот труд и успех, но и активно придонесува за развој на квалитетно образование, критичко размислување и љубов кон пишаниот збор.
„Веруваме дека книгата има моќ да ги насочи децата кон знаење, љубопитност и размислување, наместо кон прекумерна изложеност на социјалните мрежи. Остануваме посветен партнер на иницијативите што ги инспирираат младите да учат и да создаваат и продолжуваме да инвестираме во нивната иднина“, истакнуваат од Комерцијална банка.