Агенцијата за вработување информираше дека од денеска е објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да аплицираат, тоа ќе можат да го сторат во 30-те центри за вработување ширум земјава, а процесот ќе трае до 3. јули.
Од Агенцијата посочија дека процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови. Финансиската помош за започнување сопствен бизнис е распределена во неколку категории, со посебен акцент на поддршка на младите претприемачи.
Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува 7.000 евра доколку аплицира лице кое е постаро од 29 години. Доколку пак станува збор за младо лице на возраст до 29 години, висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра.
За оние кои планираат заеднички бизнис потфати, предвидени се поголеми буџети. Доколку пак станува збор за здружување на корисници во ДОО, поддршката изнесува до 20.000 евра, зависно од целните групи.
Сите детални информации околу критериумите и потребните документи се достапни на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување.
Повеќе информации на следниот ЛИНК