Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе одржи состанок со претставници на маркетите, дистрибутерите и трговците, на кој ќе побара намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени артикли.

Тој порача дека периодот на криза е зад државата и дека сега е време компаниите да им возвратат на граѓаните за трпението што го покажале во изминатиот период. -Граѓаните беа толерантни, сега е на ред трговците, дистрибутерите и маркетите да им се одолжат со намалување на цените. Очекувам веднаш да пристапат кон корекција на цените, особено на основните прехранбени производи- изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата располага со механизми за интервенција доколку не дојде до доброволно намалување на цените и порача дека нема да прифати оправдувања од страна на трговците.