Претставништво на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија (CCPIT), во кој се повеќе од 300.000 компании-членки, ќе биде отворено во Србија и тоа претставништво со своите активности ќе го опфати целиот регион, соопшти српската Стопанска комора.
CCPIT е најголемата институција на Кина за поддршка на меѓународната трговија и инвестиции, со ограничен број претставништва во странство, „кои се отвораат исклучиво на стратешки важни пазари“.
На состанокот на претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и министерката за трговија на Србија, Јагода Лазаревиќ со Рен Хонгбин, претседателот на CCPIT беше договорено и формирање заедничка работна група за организирање на европско „спин-оф“ издание на Кинескиот меѓународен саем за синџири на снабдување (CISCE), односно саем насочен кон поврзување на добавувачи од Европа и Кина, кој би можел да се одржи во Белград од 2028 година.
Чадеж и Лазаревиќ престојуваат во Пекинг по повод учество на српската економија на Четвртиот саем CISCE, што ќе се одржи од 22 до 26 јуни, а каде што Србија оваа година ќе биде претставена од 11 компании и институции.