Од полноќ поскапуваат горивата. Новите цени на бензините ќе бидат за еден денар повисоки од денешните а дизел горивото поскапува за два и пол денари. Тоа значи дека еден литар 95 ка од утре на бензинските пумпи низ државава ќе се точи по цена од 85,5 денари, 98та ќе чини 87,5 денари за литар,а новата цена на дизелот ќе изнесува 82 ,5 денари за наточен еден литар.

Цена на горива

Еуросупер 95 – 85,5  ден

Еуросупер 98  – 87,5  ден

Дизел                  82,5 ден

Повторно – случајно или не овие идентични нови цени на горивата вчера ги најави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски рече дека ги следел движењата на берзите и за денеска дека очекува поскапување.

Христијан Мицкоски премиер

„Очекувам да имаме два – два и пол денари по литар заљ дизел горивото, и околу денар за бензините. “

Инаку, Мицкоски редовно добива новинарски  прашања баш во недела или ден пред регулаторна кога ги објавува цените за следните седум дена.  И речиси секогаш неговата прогноза е пресликана во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, која впрочем важи за незавсно тело и никој не треба да и се меша во работата. Во неговото прво интервју како претседател на Регулатрона Ацо Ристов изјави дека очекува коорпоративни притисоци но не и политички.

Ацо Ристов претседател на РКЕ

„Политички притисоци во регулаторна не може да има, затоа што регулаторот работи под строго утврдени правила. Тоа значи правилници, донесени одлуки цени кои што се влезни и излезни. Да, претпоставувам дека ќе има коорпоративни притисоци од компаниите,  ама затоа сум тука јас со цела комисија и морам да кажам дека луѓето во регулаторната комисија се одлични професионалци во својата работа што ја работат и јас ќе застанам тука како столб кој не може да се помести. „Би му кажале не и на премиерот?“ Апсолутно.“

Опозицијата пак го прозва премиерот дека е пасивен во однос на движењето на цените на дериватите. Од СДСМ прашуваат зошто не се носат мерки кога знае дека цените ќе растат.

„Додека граѓаните живеат крпен живот, од ден во ден се сè посиромашни, Мицкоски не презема ништо. Затоа секоја изјава му е ‘наскоро ќе види‘. Тоа ‘наскоро‘ не ги полни фрижидерите на граѓаните, ниту ги плаќа сметките“

Денеска цените на берзите се во пад по најавата од групата производители на нафт – ОПЕК+. Тие се согласиле на  ново зголемување на квотите за производство од август, и тоа за  188.000 барели дневно. Според информациите од берзите, цените на нафтата се вратија на нивоата пред кризата, под притисок од послабиот кинески увоз и  повисокиот извоз од производители надвор од Блискиот Исток.