Цената на кафето се искачи на највисоко ниво за период од шест месеци, достигнувајќи 3,57 долари за фунта (0,454 кг), поради загриженоста дека лошото време во Бразил и во Виетнам би можело да ги намали идното производство и резервите и да доведе до недостиг на пазарот.

Бразил е најголем светски производител и извозник на кафето арабика, додека Виетнам доминира во производството на робуста.

Според процените на експертот за пазари на стоки Зафер Ергезен, зголемувањето на температурата и намалувањето на врнежите од дожд во овие земји имаат негативен ефект врз цветањето на растенијата кафе, што би можело да доведе до послаб род во следната сезона.