илијалата на Комерцијална банка во Кочани ги пречека клиентите во целосно реновиран и модернизиран простор, со нова дигитална зона 24/7, овозможувајќи побрз, поедноставен и подостапен пристап до банкарските услуги во секое време.
Покрај богата понуда на банкарски производи и услуги на шалтер, клиентите имаат на располагање дигитален киоск за плаќање сметки за јавни услуги без провизија, како и банкомат за уплата и исплата на готовина без провизија. И сето тоа достапно во современ простор, кој комбинира функционалност и елеганција.

Во дигиталната зона, корисниците на Интернет банка можат да испечатат и извод од платежна сметка, а пристапот е овозможен со платежна картичка од која било банка.
Филијала Кочани продолжува да нуди стандардно богата палета на финансиски производи и услуги достапни на шалтерите, како и брза обработка на трансакциите, стручни совети и консултации од КБ тимот за избор на најдобриот финансиски производ и за поднесување апликации за кредити, кредитни картички, дозволени пречекорувања и други услуги.

Шалтерите во Филијалата се отворени од понеделник до петок од 8 до 16 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги: отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и бројни кредитни и депозитни производи, можност за купување удели во инвестициски и пензиски фондови и осигурителни полиси, како и e-commerce услуги за раст и развој на нивниот бизнис.
Од Комерцијална банка истакнуваат дека модернизацијата на филијалата е дел од нивната стратегија за унапредување на корисничкото искуство преку комбинација на современи дигитални решенија и висококвалитетна персонализирана услуга.