По продолжувањето на кризната состојба, премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање на настан во Дебарца рече дека владата во наредниот период ќе ја намали акцизата на цените на горивата.

– Ќе има секако, бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа, а и курсот на доларот е посилен.

Ние како влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци. Цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на цените и кај дизелот и кај безоловните горива, наведе премиерот.

Мицкоски не даде прецизен термин кога би се донела таа одлука, туку само рече дека се уште се прават калкулациите.