Позитивно движење утрово бележат цените на металите на светските берзи, при што раст забележуваат и благородните и индустриските метали.

Најголемо внимание привлекува златото, кое достигна 4.698,64 долари, со дневен раст од 4,14 долари, односно 0,09 проценти. Во текот на тргувањето цената на златото се искачи до 4.730,90 долари, додека најниската вредност изнесуваше 4.687,40 долари.

Расте забележа и цената на среброто, кое поскапе за 0,51 процент и достигна 69,03 долари. Во текот на денот среброто се тргуваше меѓу 68,253 и 69,750 долари.

Од останатите благородни метали, платината бележи раст од 0,43 проценти, достигнувајќи 1.875,10 долари, додека паладиумот поскапе за 0,54 проценти и се тргува по 1.343,50 долари.

Движењата на пазарите на метали се следат со зголемено внимание, особено поради влијанието на движењето на американскиот долар, каматните стапки и очекувањата за глобалната економија врз цените на благородните и индустриските метали.