Комерцијална банка информира дека од вторник, 1 септември, започнува со исплата на пензиите за своите корисници.

Пензионерите кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да располагаат со своите средства уште во текот на истиот ден. Од банката апелираат клиентите да ги користат картичките за безготовинско плаќање во продажната мрежа, онлајн купување или подигнување готовина од банкоматите.

За оние кои претпочитаат лично подигнување на средствата, исплатата на шалтерите во сите филијали и експозитури исто така започнува од 1 септември и ќе се одвива секој работен ден.