Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026…
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.