Од 31 август до 6 септември инспекторите извршиле 464 инспекциски надзори низ Македонија, при што биле издадени 80 прекршочни платни налози во вкупна вредност поголема од 2.018.997 денари.

Најмногу контроли – 115 – биле направени според Законот за трговија, а 102 контроли се однесувале на финансиската дисциплина. Токму кај финансиската дисциплина биле издадени 28 прекршочни платни налози.

Во угостителството биле направени 35 контроли и издадени дури 20 платни налози, додека при само 11 контроли за почитување на Законот за заштита од пушење биле изречени шест казни. Инспекторите откриле неправилности и при контролите на нерегистрирана дејност.