Дел од занаетчиите реагираат за значително зголемените придонеси по новиот начин на пресметка што се применува од јули 2026 година. Според нив, месечните обврски пораснале од околу 4.200 на околу 9.500 денари.
Од Занаетчиската комора велат дека само во Скопје повеќе од 40 занаетчии поднеле барања за затворање на дејностите. Како дополнителен проблем го посочуваат доцнењето на пресметките за јули и неусогласеноста на податоците меѓу институциите.
Од УЈП објаснуваат дека со законските измени од јули, тие ги генерираат МПИН-пресметките за „паушалците“, а основицата за придонесите се утврдува според месечната аконтација на паушално утврдениот нето-доход. Од Управата потврдуваат дека доцнеле пресметките за јули поради приспособување на софтверот.
УЈП најавува дека од 1 јануари 2027 година ќе се применува нов модел со однапред подготвени месечни налози за данок и придонеси, со корекции само во специфични случаи.