Месецот на штедење го започнуваме со одлична вест – од 1 октомври Комерцијална банка ги зголеми каматните стапки за орочено штедење во денари и во евра. Новите повисоки фиксни каматни стапки достигнуваат до 3,60%, со што на штедачите им овозможуваат уште поголем гарантиран принос на нивните заштеди.
Во рамки на промотивниот период од 1 октомври до 31 декември 2026 година, за денарските депозити со рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за орочување на 40 месеци достигнува 3,60%. За депозитите во евра со рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 1,70%, а за рок од 40 месеци 2,30%.
Октомври традиционално е месец кога се слави културата на штедење, а годинава граѓаните имаат уште повеќе причини да донесат паметна финансиска одлука. Со новите повисоки каматни стапки, секоја заштеда добива дополнителна можност за раст во банка која веќе 70 години претставува симбол на сигурност, стабилност и финансиска доверба.
За многу генерации штедачи, Комерцијална банка е првиот избор кога станува збор за чување и оплодување на нивните заштеди.
Без разлика дали штедите за нов дом, за иднината на семејството, за образование или патување, овој октомври претворете ги плановите во заштеди што растат. Изберете повисок принос, сигурност и доверба со Комерцијална банка.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Банката.