Обезбедивме 584 милиони денари и ја зголемивме поддршката за 12,3%. Во пресрет на есенската обработка на земјоделските површини, ова ќе значи помал трошок за гориво за земјоделците, објави Серафимовски.
Министерот Борче Серафимовски објави дека оваа недела започнуваат со доделување на првите картички за зелена нафта. Обезбедивме 584 милиони денари и ја зголемивме поддршката за 12,3%. Во пресрет на есенската обработка на земјоделските површини, ова ќе значи помал трошок за гориво за земјоделците.
На денешната прес-конференција најавив и исплата на околу 150 милиони денари за јаболкопроизводителите – по два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, предадено до 30 јуни 2025 година.
Заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски ги претставивме и резултатите од контролите на откупот на земјоделските производи.
Со Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи предлагаме писмени договори пред испораката, однапред познати услови за откуп и јасни рокови за плаќање. Со тоа земјоделецот добива поголема сигурност за пласманот и заработката од својот род. Ги повикувам сите оние што протестираат и укажуваат на слабостите на постојниот систем, имаат можност своите идеи и предлози да ги достават преку ЕНЕР или подрачните единици.
Во коментар на оваа објава погледнете ја целата моја прес-конференција.