Вредноста на златното повторно бележи раст, покажуваат најновите податоци објавени од GoldPrice.

Според последното ажурирање, цената за унца изнесува 4.166,56 долари што претставува зголемување од 36,36, односно 0,88 отсто.

Растот доаѓа во период кога златото продолжува да биде во фокусот на инвеститорите, кои го следат благородниот метал како една од најзначајните форми на заштита на капиталот и средство за диверзификација на портфолијата.

Движењата на цената на златото во голема мера зависат од очекувањата за монетарната политика, движењето на каматните стапки, инфлацијата, состојбата на глобалната економија и геополитичките ризици.