Европските банкарски регулатори го засилуваат надзорот врз банките поради големиот пораст на приносите од државните обврзници што ги поседуваат во своите портфолија.

Претседателот на Европскиот банкарски орган (ЕБА), Франсоа-Луј Мишо, изјави за Блумберг дека регулаторите повнимателно проверуваат колку банките се изложени на промените на пазарот на суверен долг и како се заштитуваат од можни загуби.

Банките, од една страна, можат да заработат повеќе од каматата на обврзниците, додека, од друга страна, падот на пазарната вредност на овие хартии од вредност ја намалува вредноста на нивните средства.