Во август 2026 година биле издадени 333 одобренија за градење, за 18,9 проценти повеќе отколку во истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со нив е предвидена изградба на 1.030 станови, со вкупна корисна површина од 80.530 квадратни метри.
Предвидената вредност на сите градби опфатени со одобренијата изнесува 354,1 милион евра, што претставува раст од 315,5 проценти на годишно ниво. Од ДЗС објаснуваат дека големото зголемување се должи на одобрението за изградба на делницата ГП Блаце – Скопје од автопатот А4, издадено во август.
Најголем дел од одобренијата се за високоградба – 224, односно 67,3 проценти. За нискоградба се издадени 18 одобренија, или 5,4 проценти, додека за реконструкција се однесуваат 91 одобрение, односно 27,3 проценти.
Физички лица се инвеститори кај 231 од планираните објекти, што е 69,4 проценти од вкупниот број. Деловни субјекти се јавуваат како инвеститори кај преостанатите 102 објекта, односно 30,6 проценти.