Една порака. Еден повик. Еден клик…

Понекогаш, токму толку е потребно за некој да се обиде да дојде до вашите лични податоци. А кога лажните пораки стануваат сè поубедливи, дури и оние што мислат дека лесно препознаваат измама можат да се најдат во непријатна ситуација.

Затоа, финансиската писменост во 2026 година не значи само да внимавате каде трошите, туку и да знаете како да ги заштитите своите лични податоци.  Важно е да знаете кому ги доверувате вашите информации, како ги користите финансиските услуги и кои чекори можете да ги преземете за да бидете побезбедни.

Еве на што треба да внимавате:

    1. Пријавете ја загубата на Вашата лична карта навреме.

Брзата реакција помага навреме да се преземат потребните чекори за заштита.

 

    2. Не откривајте информации за Вашите сметки и лозинки.

Не споделувајте кориснички податоци, лозинки и кодови преку пораки, повици или непроверени страници.

 

     3. Внимателно споделувајте ги Вашите лични податоци.

Споделувајте лични податоци само кога е јасно кој ги бара и за која намена.

 

     4. Информирајте се за Вашите права.

Пред да користите финансиска услуга, информирајте се за условите, постапките и Вашите права.

 

     5. Внимавајте каде ја приложувате Вашата лична карта.

Проверете кому и зошто ја доставувате личната карта пред да ја приложите.

 

     6. Ажурирајте ги Вашите лични податоци навреме.

Точните и ажурирани податоци помагаат за побезбедна и поедноставна комуникација.

 

     7. Внимавајте на „фишинг“, лажни пораки и измами креирани со помош на AI.

Не верувајте на сè што изгледа реално – проверете преку официјален канал.

 

     8. Користете силни лозинки и двојна автентикација (2FA).

Комбинација од силна лозинка и 2FA додава дополнителна заштита на Вашите сметки.

 

Минт Кредит (ФД Минт СН) – Заштитата на вашите податоци е наша заедничка одговорност!

Бидете информирани, внимателни и побезбедни секој ден.