Народната банка воведе ограничувања и во кредитирањето на „Алта банка“ АД Битола, како дел од мерките за време на администрацијата.
Со решението се забранува одобрување нови кредитни изложености, како и пролонгирање на веќе одобрените, односно продолжување на нивните рокови, објави 4news.mk
Забранети се и одливните трансакции врз основа на позитивни кредитни предлози за веќе одобрени кредитни изложености. Тоа значи дека претходното одобрување само по себе не овозможува исплата на кредитните средства за време на забраната.
Од друга страна, измирувањето обврски на клиентите кон банката е изречно наведено меѓу исклучоците од ограничувањата за одливните трансакции.