Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2026 година изнесувала 49.141 денар, што е зголемување од 8,1 отсто во однос на истиот месец во 2025 година. Просечната бруто-плата изнесувала 73.940 денари и исто така пораснала за 8,1 отсто на годишно ниво, според податоците на Државниот завод за статистика.
На годишниот раст на нето-платата најмногу влијаеле зголемувањата во секторот за водоснабдување, отпадни води, управување со отпад и санација на околината (11,6 отсто), во административните и помошните услужни дејности (10,6 отсто) и во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли (10 отсто).
Кај бруто-платата, меѓу секторите што најмногу придонеле за годишниот раст се водоснабдувањето и управувањето со отпад (11,7 отсто), административните и помошните услужни дејности (10,7 отсто) и транспортот и складирањето (10,4 отсто).
Во споредба со август 2026 година, просечната нето-плата во рударството и вадењето камен пораснала за 6 отсто, во преработувачката индустрија за 3 отсто, а во јавната управа, одбраната и задолжителното социјално осигурување за 2,5 отсто. Бруто-платите во истите сектори се зголемиле за 6,1, 3 и 2,6 отсто, соодветно.