Првата аукција за продажба на акциите на Алта банка е закажана за 30 ноември и тогаш таа ќе се продава за 22,9 милини евра, а на последната на 7 декември ќе биде понудена за 13,5 милиони евра. Досега единствена намера за купување изрази Комерцијална банка, а опозициската СДСМ обвини дека „Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за бадијала“.

– Ги слушам обвинувањата од страна на опозицијата. Се обидувам некогаш и да не одговарам, затоа што не само што немаат суштина, немаат ни логика. Еве конкретно делот дека банката ќе се продала за бадијала. Дали тие се грижат повеќе за Мацура и за онаа Агенција за осигурување на депозити во Србија која управуива со капиталот на фиормите кои се во стечај, или се грижат банката да добие нов сопственик? Еве да се продаде и по најниската и по највисоката цена, парите не завршуваат кај акционерите во Македонија, парите завршуваат во стечајната маса на Алта банка Србија. Сега тие за Алта банка Србија ли се грижат? Треба да платиме повќе пари за таму да завршат повеќе пари? Навистина не разбирам. Не ја гледам логиката во комуникацијата која доаѓа од СДСМ. Од една страна, нè обвинуваат дека сме биле со Мацура и со Алта банка Србија, а од друга страна загрижени се дека некој помалку ќе ја плати банката – изјави премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју.