_80669951_461890950Потрошувачките цени во еврозоната падна за рекордни 0,6 проценти во јануари, покажуваат податоците на ЕУ. Стапката на инфлација од -0,6 проценти се совпаѓа со рекордниот пад на цените од јули 2009 година за време на најлошиот дел од светската економска криза.

Падот од 0,2 проценти во декември се чини дека ја подржа одлуката на Европската централна банка од минатата недела да започне програма за купување на обрзници со цел еврозоната да се избори со ваквата состојба.

Драстично паѓање на цените на нафтата се најмногу виновни за падот на потрошувачките цени во 19 земји од еврозоната, покрај веќе постоечкиот слаб економски раст и високата невработеност. Цените на енергијата во еврозоната паднаа за 8,9 проценти во декември и се надоврза на падот од 6,3 проценти во ноември.

Европската комисија предупреди дека базичната инфлација, во која се отстранети високо флуктуирачките компоненти како енергијата, сепак останува во позитивна територија и изнесува 0,6 проценти. Сепак и на тоа ниво е далеку од таргетот на ЕЦБ од околу 2 проценти.

Состојбата на дефлација предизвикува компаниите и домаќинствата да ги одложуваат набавките, намалувањето на побарувачката предизвикува рецесија а со самото тоа компаниите се приморани да отпуштаа работници.

Невработеноста во еврозоната се уште изнесува високи 11,4 проценти, која претставува најниска невработеност од август 2012 година. Но сепак постојат остри контрасти во поглед на невработеноста помеѓу северните и јужните земји членки на ЕУ.

Невработеноста во Германија изнесува супер ниски 4,8 проценти, со Австрија веднаш зад неа со 4,9 проценти. Додека, кај земјите со должничка криза се уште е многу висока, кај Грција изнесува 25,8 проценти и Шпанија со 23,7 проценти.