Бил Гејтс не штеди богатство вредно милијарди долари. Основачот на Мајкрософт донирал повеќе од 35 милијарди американски долари за добротворни цели, пренесува Блумберг.

Гејтс има вкупно богатство од 106 милијарди долари, второ по големина во светот – по шефот на Амазон, Jеф Безос.

Добротворната работа на Гејтс главно се одвива преку Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Фондацијата работи на решавање на нееднаквостите во здравството и образованието во светот, климатската криза и светскиот глад.

Организацијата работи локално за да се осигура сите ученици да завршат средно училиште.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк