Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на ден 20 септември 2019 година ја одржа својата 40-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити.

На седницата на Steiermerkische Bank und Sparkassen AG од Грац, Австрија и беше издадена дозвола за давање понуда за преземање на Охридска банка АД Скопје. Понудата се однесува на сите 516.350 обични акции со право на глас издадени од Охридска банка АД Скопје.

Steiermerkische Bank und Sparkassen AG од Грац се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 6.298,79 денари по акција. Понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 384.844 обични акции кои претставуваат 74,53% од вкупниот број издадени акции од Охридска банка АД Скопје.

Steiermerkische Bank und Sparkassen AG од Грац, Австрија согласно Законот за банки од страна на Народната банка на Република Северна Македонија има добиено претходна согласност за стекнување на над 75% од вкупниот број на издадени акции со право на глас во Охридска банка АД Скопје.