Финансиската компанија Nasdaq објави список со десет земји кои имаат најголеми резерви на злато во светот.

На прво место се САД со 8.133 тони злато. Наведената количина е еднаква на вкупната количина злато што ја имаат следните три земји на оваа листа. Вредноста на американската резерва на злато е 465 милијарди долари. Поголемиот дел од акциите се сместени во трезорот Форт Нокс, лоциран во државата Кентаки.

Со 3.362 тони, Германија е втора според резервите на злато, а од економската криза во 2008 година, континуирано купува злато.

Италија е на третото место и има резерва од 2.452 тони злато, а четврта е Франција со 2.436 тони. Меѓу оваа француска резерва има и 100 тони златници, пренесува Кликс.

Русија е на петтото место со 2.295 тони, додека Кина е на шестото место со 1.948 тони. Повеќето резерви на најнаселената земја во светот се содржани во девизни пари, а не во самото злато.

Швајцарија е седма со 1.040 тони злато и има најголеми резерви на злато по глава на жител во споредба со сите други земји во светот. На осмото место е Јапонија со 765 тони.

Индија е деветта со 658 тони и е втора во светот по употреба на злато затоа што е многу присутна и популарна на свадби. Последна на оваа листа е Холандија со 613 тони резерви на злато.

Светскиот економски форум (СЕФ) забележа дека резервите на злато се користат како осигурување во случај на економска криза. Купувањето злато опадна за време на пандемијата на коронавирусoт, а централните банки на некои земји продадоа дел од резервите со цел да ги направат националните економии поликвидни.